Утрински Весник
Магазин

Пандемиja или не, шоуто „Златни глобуси“ мора да продолжи

Пандемиja или не, шоуто „Златни глобуси“ мора да продолжи

„Златните глобуси“ во недела (28 февруари) ја започнуваат сезоната на награди во Холивуд во ерата на пандемијата, по една година која ја испреврте индустријата за забава и ги натера сите селебрити-личности да комуницираат со веб-камери од своите софи дома, наместо да продефилираат по црвениот тепих.

Сепак, шоуто некако се одржува, иако без гламурозни гала вечери, орди фотографи и дизајнерски фустани поврзани со прославата на најдобрите филмови и ТВ-емисии во годината.

Церемонијата во недела, што ќе се пренесува во живо на телевизијата „Ен-би-си“, за првпат ќе се одржи на два брега и со две водителки, комичарката Тина Феј во Њујорк и Ејми Полер во Беверли Хилс, Калифорнија.

Некои од презентерите, вклучувајќи ги Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс, ќе се појават лично, но номинираните ќе присуствуваат од нивните домови или други локации низ целиот свет.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кинескиот суд: Работниците не смеат да бидат отпуштени поради воведување на вештачка интелигенција

Дневен хороскоп за 5 мај 2026 година

Меркур влегува во Бик: Следуваат три недели посмирена комуникација