Утрински Весник
Свет

Запленети рекордни 23 тони кокаин наменети за продажба во Холандија

Запленети рекордни 23 тони кокаин наменети за продажба во Холандија

Царините во Германија и Белгија заплениле рекордни 23 тони кокаин наменети за трговија во Холандија, пренесува Би-би-си.

Германските власти откриле 16 тони во пет транспортни контејнери што претходно месецов пристигнале во пристаништето во Хамбург од Парагвај. Веднаш била известена полицијата во Холандија, а во белгиското пристаниште Антверпен биле запленети уште 7,2 тони кокаин.

Германските власти соопштија дека уличната вредност на кокаинот се проценува на милијарди евра.

Во Антверпен, дрогата билa скриенa во контејнер исполнет со дрвени блокови од Панама.

Кокаинот пронајден во Хамбург бил скриен во конзерви кои содржеле гипс што се користи за пополнување на пукнатини во ѕидови.

Уапсен е 28-годишен маж осомничен за вмешаност во трговијата со рекордната количина кокаин, соопшти холандската полиција. Според извештаите на медиумите, станува збор за холандскиот државјанин Атиф С.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја