Утрински Весник
Свет

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во текот на третата фаза на клинички испитувања е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот, врз основа на привремени анализи.

Компанијата достави официјална апликација до кинеската Национална администрација на медицински помагала за одобрување за јавна употреба на вакцината, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница, објави „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела

Руски напад во близина на Киев, најмалку 27 мртви