Утрински Весник
Македонија

Поради Ковид-19, зголемен бројот на граѓани кои купиле здравствени полиси

Ако хронично болните не стигнат да посетат специјалист до 23 септември, ќе се пролонгира рокот

Бројот на лица кои купиле здравствено осигурување лани пораснал за 5 пати во однос на 2019 година, а во полиси граѓаните вложиле 4,45 милиони евра што е за 45 отсто повеќе од 2019 година, соопштуваат од Агенцијата за супервизија.

„Вкупно 114.559 граѓани лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица. Во своите полиси за здравствено осигурување лани граѓани вложиле 4,45 милиони евра и тоа е за 44,8 отсто повеќе од бруто полисираната премија во претходната година“, информираат од Агенцијата.

Додаваат дека влијание врз растот на продажбата на осигурителни полиси за здравствено осигурување лани има пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, но и добрите корпоративни практики на се повеќе фирми кои купуваат полиси за здравствено осигурување за своите вработени.

Од агенцијата за супервизија апелираат до сите потенцијални осигуреници при изборот на осигурително друштво особено да обрнат внимание на ризиците кои се опфатени со осигурувањето и дали, заради актуелниот момент, се покриени ризици предизвикани од пандемии или епидемии.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег