Утрински Весник
Свет

Прв состанок на Бајден и Трудо, двајцата лидери се договорија да свртат нов лист во односите

Прв состанок на Бајден и Трудо, двајцата лидери се договорија да свртат нов лист во односите

Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо се договорија да свртат нов лист во односите меѓу двете земји и да ја надминат ерата на Трамп.

Двајцата лидери истакнаа дека САД и Канада се длабоко поврзани и најавија заедничка акција против глобалното влијание на Кина и климатските промени.

„САД немаат поблизок пријател од Канада и затоа, како претседател, најпрво ве поканив Вас и ја одржав првата билатерална средба со вас“, му кажа Бајден на Трудо, пренесува „Ројтерс“.

Во заедничката изјава, двајцата лидери најавија заеднички напори за борба против пандемијата и климатските промени, со цел да се достигнат нулта емисии на штетни гасови до 2050 година.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија