Утрински Весник
Македонија

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со С.Македонија и Албанија

Борел: ЕУ не сака Белорусија да стане нова Украина

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во рамките на нејзините граници, но дека земјите од регионот мораат да ги завршат своите домашни задачи и да спроведат реформи.

На онлајн конференција, организирана од Атлантскиот совет, како приоритети во реформите во земјите од Западен Балкан ги посочи независното судство и борбата против корупцијата, пренесе Радио Слободна Европа.

Борел рече дека европската перспектива останува мотор за реформи во земјите од регионот и оти не е фер да се каже дека ЕУ само зборува, а не дејствува кога станува збор за проширувањето кон Западен Балкан.

„Ќе започнеме пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ги продолживме преговорите меѓу Србија и Косово со специјалниот пратеник Мирослав Лајчак и мислам дека го ставивме тој дијалог на патот“, изјави Борел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

Одбележан Денот на МАНУ – 24info.mk