Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека поради истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека поради истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заев направи циркуз, никој не верува дека како резултат на истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Според партијата, бурната реакција на народот спречила Мијалков да избега, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, треба да си поднесе оставка веднаш.

„Да не беше реакцијата од јавноста Мијалков немаше да се пријави во ЈО. Спасовски два дена не можеше да го лоцира Мијалков и системот целосно потфрли. Потребна е одговорност. Тоа што Мијалков побегна пред очите на полицијата говори дека тој имал информации за нејзиното движење кои може само да ги има врвот на власта Спасовски и Заев. Јасно се гледа коалицијата Зоран – Вице – Сашо. Македонија е заробена од овие криминалци и потребни се итни оставки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата очекува партиите во парламентот да се одважат и да му се изгласа интерпелација на Спасовски, а подоцна и да се формира експертска влада за организирање на избори локални и парламентарни.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен