Утрински Весник
Македонија

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Неколку илјади дози вакцини против Ковид-19 пристигнаа во Венецуела од Русија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“ што се донација од Србија.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини.

Првата пратка од вакцините пристигна пред речиси десет дена. Тогаш вакцините на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ. Со првите вакцини почна вакцинацијата на медицинскиот персонал во ковид-центрите во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична