Утрински Весник
Македонија

Утре пристигнува вториот дел од вакцините од Србија

Утре пристигнува вториот дел од вакцините од Србија
300x250 (7)

Утре ќе пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“ што ни ги донира Србија.

Министерот за здравство Венко Филипче на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини.

Ss1

Првата пратка од вакцините пристигна пред речиси десет дена. Тогаш вакцините на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ. Со првите вакцини започна вакцинацијата на медицинскиот персонал во ковид центрите во земјата.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Победата на претседателските и парламентарни избори ќе биде убедлива, идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: ЗНАМ се настанати во Белата палата

Пендаровски: Знаеме дека на осми мај ќе однесеме двојна победа