Утрински Весник
Спорт

Мурињо бара замена за ветеранот Лорис

Мурињо бара замена за ветеранот Лорис

Жозе Мурињо сака нов голман во Тотенхем, пишува денеска „Manchester Evening News“.

Спарси не се задоволни од 35-годишниот капитен Уго Лорис и летоска клубот од Лондон ќе се обиде да го замени. Информациите се дека прва мета на Португалецот е Дин Хендерсон, резервата на Манчестер Јунајтед.

Хендерсон има 23 години и минатата сезона беше на позајмица во Шефилд Јунајтед каде брилјираше.

Оле Гунар Солскјер го врати на „Олд Трафорд“ но младиот Англичанец не може да се избори за прва постава покрај Давид де Хеа.

Освен Спарси, за Хендерсон се заинтересирани и во Челси, односно Вест Хем. Јунајтед се очекува за него да бара околу 40 милиони фунти, а можна е и повторно позајмица.

Уго Лорис во Тотенхем е од 2012 година, за клубот има 355 настапи, но се чини дека неговото време со „петлите“ се ближи кон крајот.

> Мурињо бара замена за ветеранот Лорис <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале