Утрински Весник
Македонија

Досега вакцинирани 1.155 здравствени работници во Македонија

Досега вакцинирани 1.155 здравствени работници во Македонија

Досега 1.155 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19 во Македонија, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој уверува дека вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи.

Министерот информират дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk” 63.075  граѓани искажале интерес за вакцинација.

„До крајот на неделава ги очекуваме и останатите количини на вакцини од Србија, како и 200-те илјади кинески вакцини“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги

Осуммина уапсени за милионски криминал со операции на очи: Оштетени до 4.000 пациенти, ФЗО за 1,7 милиони евра

Претрес во Валандово, пронајдена дрога, уапсени две лица