Утрински Весник
Македонија

Објавен конкурсот за попишувачи и реонски инструктори за пописот

Државниот завод за статистика денес го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на пописот.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, а сите детали поврзани со конкурсот и условите се содржани во огласот објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кируна- шведската европска престолнина на културата 2029 ги повикува македонските уметници да учествуваат со свои проекти

Му се заканувал на премиерот преку социјалните мрежи – ОЈО бара притвор

Постапка против 39-годишен маж од Черкези, во пораки преку социјални мрежи му се заканувал на Мицкоски