Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 21 степен

Сончево и топло со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено по должианта на Повардарието. Во утринските часови во одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево време со услови за слаба магла во утринските часови. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

УХМР јавува дека продолжува периодот на стабилно и потопло време. Во котлините во претпладневните часови ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините. В среда ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено по должината на Повардарието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Двајца пациенти со западнонилска треска во критична состојба, за уште тројца се чекаат резултати

Наместо да одговара, Мицкоски го награди Фетаи со нова функција, велат од СДСМ

ЛДП: Не гласавме за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!