Утрински Весник
Свет
Img 7972

Принцот Филип се уште е во болница, неговиот внук Вилијам вели дека е добро

Принцот Филип се уште е во болница, неговиот внук Вилијам вели дека е добро
300x250 opst2

Принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета Втора кој беше хоспитализиран пред една недела, е добро, изјави денеска неговиот внук Вилијам.

На новинарско прашање за здравјето на неговиот дедо, принцот Вилијам одговори: „Принцот Филип е добро, држете го на око“, и им намигна на присутните.

Принцот Филип (99) беше примен во болницата Кинг Едвард VII. во Лондон, во вторникот вечерта.

„Тој беше хоспитализиран како претпазливост по совет на кралицата, откако не се чувствуваше добро“, се вели во соопштението од палатата.

Извор од палатата прецизирал дека принцот немал Ковид-19. Првата доза на вакцината ја примил на почетокот на јануари.

Принцот Филип се пензионираше во август 2017 година и учествуваше во повеќе од 22.000 официјални јавни обврски откако неговата сопруга седна на тронот во 1952 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија