Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пецаков: Заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија се собрани 45.000 потписи

Видео Пецаков Заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија

Денеска е трет ден откако се собираат потписи под мотото „Стави потпис за вистински попис“, насекаде на ниво на Македонија.

„ Денеска и на нови две локации собираме потписи заедно со граѓаните на Охрид. Одѕивот е одличен, заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија се собрани 45.000 потписи. И очекуваме дека до крајот на неделата преку 100.000 граѓани ќе ја дадат својата поддршка за оваа иницијатива.

Реалноста е дека не само за пописот, и начинот на кој што Законот за попис беше донесен, туку и генерално политиките на СДСМ и Заев не добиваат поддршка од народот. Народот се повеќе се приклучува на ВМРО-ДПМНЕ и она што треба да претставува отпор кон начинот на владеење на СДСМ“ рече Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Самиот Закон за попис кој што беше донесен на начин на кој што беше донесен, и со кој што наместо да добиеме статистичка операција, добиваме политичка операција е проблематичен. За тоа што доколку имаме статистичка операција тогаш Македонија ќе може и економски и геостратешки во наредните десет години да планира. А, политички очигледно е битен само процентот.

Затоа имавме забелешки за овој Закон за попис, и баравме да биде со најсовремените технологии спроведен всушност заеднички како што треба да бидат спроведени и локалните избори, претстојните локални избори оваа година, а тоа е со т.н. отпечаток на прст. Би биле разрешени и отстранети сите дилеми кои што би ги имале по однос на резултатите кои што би ги добиле од овој попис.

Како и да е, ние не застануваме тука, ова е еден од само чекорите кои што ќе ги преземеме во периодов кој што следува, а се со цел да добиеме попис каков што Македонија заслужува по сите стандарди европски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол