Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Николовски: Јасно се гледа дека постои договор помеѓу Мијалков и власта

(Видео) Николовски: Јасно се гледа дека постои договор помеѓу Мијалков и власта

 

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа до власта дека за 24 часа очекуваат да го обезбедат бегалецот Сашо Мијалков и да го изнесат пред лицето на правдата за да одговара за делата кои му ги изрекол судот. Александар Николовски на партиската прес-конференција рече дека доколку власта дозволи да избега Мијалков, да си поднесе оставка веднаш.

„Криминалната коалиција Вице и Зоран и Сашо Мијалков ја доби својата кулминација. Како што знае јавноста на 22 октомври пред три години кога го исклучивме Сашо Мијалков од партијата знаевме дека постои криминална коалиција Вице, Зоран и Мијалков кои работат на уништување и разнебитување на Македонија. Наградата од Зоран Заев стигна овој викнед, со што се овозможи да избега тој од правдата, имаме бегалец од правдата. Додека Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска ги нека никаде, а Зоран Заев жали и ја префрла вината. Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. Зоран Заев и Оливер Спасовски да го обезбедат затоа што се што зборуваме изминатите години се потврдува дека со Македонија владее криминална коалција, која што ги руши основните вредности, ситемот на владеење на правото, која влијае врз бизнисите и ги ректира, со Македонија владее крими колација. Затоа очекуваме во следните 24 часа да го обезбедат бегалецот Мијалков“, рече Николовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали очекува власта да го испорача Мијалков во следното деноноќие, тој рече дека се сомнева дека ќе биде изнесен пред лицето на правдата и додаде.

„Од ова власт не можеме тоа да го очекуваме, затоа што јасно се гледа дека постои договор помеѓу него и власта. Или ќе му се овозможи да избега или во стилот на Пабло Ескобар добиваат на време да ги договорат условите под кои тој би се предал“, додаде Николовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт