Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд ги укинува преостанатите ограничувања

Нов Зеланд ги укинува преостанатите ограничувања

Нов Зеланд денеска ги укинува преостанатите ограничувања воведени поради коронавирусот во Оукланд, откако беше утврдено дека епидемијата откриена во тој град стивнува.

Премиерката Јасинда Ардерн изјави дека врз основа на повеќе од 72.000 тестови не се пронајдени докази дека вирусот се шири во заедницата, објави АП.

Оукланд беше во тридневна блокада овој месец откако мајка, татко и ќерка беа позитивни на коронавирусот.

Подоцна се утврди дека биле позитивни уште пет контакти.

Откако заврши „локдаунот“, Оукланд продолжи со ограничувачките мерки, вклучително и забрана за собирање.

Изворот на епидемијата останува нејасен, иако властите продолжуваат да испитуваат дали постои врска помеѓу заразените авионски патници и мајката која работела во компанијата што перела алишта за авиокомпаниите.

Нов Зеланд сепак успеа да го запре ширењето на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тревога на Кипар: Напад со дрон врз британска база, затворени училишта и евакуации

Во Кувајт се урна американски Ф-15, пилотот се катапултираше

Британската база на Кипар погодена од ирански дрон