Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Општина Дебрца ќе бара Слатинското Езеро да се врати во надлежност на општината

Општина Дебрца ќе бара Слатинското Езеро да се врати во надлежност на општината
300x250 opst2

Општина Дебрца е во завршна фаза на носење на урбанистички план за село Слатино, во чии рамки е и Слатинското Езеро, каде се планираат одредени туристички содржини. Општината ќе побара водниот ресурс да се пренесе во надлежност на општината, кое според сегашната регулатива е во надлежност на АД Водостопандство на Македонија.

„Со оглед на извонредното значење на езерото, како локална самоуправа во следните фази од процесот на децентрализација кои се во најава ќе бараме овој воден ресурс да се пренесе во надлежност на општината“, истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

По уривањето на браната на езерото во 2013 година, неколку години подоцна во рамките на програмата за заштита од поплави која ја спроведуваше УНДП, со средства од околу 1,2 милиони евра обезбедени од ЕУ, се изврши санација на браната. При првото полнење на езерото повторно се појави протекување на вода во еден дел од браната, дефект кој подоцна беше саниран.

Во периодот од неколку години додека езерото беше празно истото е обрасното со густа вегетација, која неминовно мора да се отстрани. И покрај барањата и до Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и до АД Водостопанство на Македонија, езерото остана неисчистено.

Со средства од Швајцарската агенција за соработка и развој, а во рамките на проектот „Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион” се инвестираше во изградба на одредени туристички содржини на брегот од езерото.

Слатинското Езеро е значаен воден ресурс и хидрографски објект за општина Дебрца, особено за развојот на риболовниот и рекреативниот туризам. Под атмосферските влијанија и надојдената Мраморечка река, Слатинското Езеро е исполнето со 60 до 70 отсто од својот капацитет.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Французите заинтересирани за туристичниот потенцијал  во Општина Пустец

Модел и поранешен ракометар е Македонецот кој се разнесе со експлозив во Белград

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип, набавени рекордни 80.000 дози