Утрински Весник
Свет

Учесничка на протестите во Капитол, претходно се сретнала со Тајната служба

Учесничка на протестите во Капитол, претходно се сретнала со Тајната служба

Лидерката на експтремно десничарската група „Чувари на заклетвата“, чии членови учествуваа во насилниот упад во американскиот Конгрес на 6 јануари, рекла дека пред нередите се сретнала со припадници на Тајната служба, задолжени за обезбедувањето на функционерите, пишува „Глас на Америка“.

Џесика Воткинс е една од деветмината членови обвинети за креирање заговор против владата и спречување на Конгресот да ја потврди победата на Џо Бајден.

Обвинителството тврди дека Воткинс нелегално упаднала во Капитол, додека одбраната порача дека таа не учествувала во насилствата. Воткинс, која учествувала во војната во Авганиста, изјавила дека не е виновна за креирањето заговор.

Во обвинението се тврди дека таа донела комуникациски уреди, кациги, очила за пливање, панцири, и дека заедно со другите членови на групата „Чувари на заклетвата“ насилно влегле во Конгресот.
Нејзината одбрана, сепак, тврди дека таа не учествувала во насилството, но била во Капитол за да „обезбеди говорници на протестот, за безбедно да ги придружува демонстрантите од зградата на Конгресот до автомобилот. Таа имаше ВИП пропусница за протест и се состана со Членови на тајната служба”.

Претставник на тајната служба изјави дека тие соработувале со партнери од владата во однос на прашањето за безбедноста на 6 јануари и дека станува збор за „лажно тврдење дека за тоа ангажирале кој било граѓанин“.

Обвинителството тврди дека членовите на групата „Чувари на заклетвата“ заговарале во ноември 2020 година за да го нападнат Конгресот и дека планирале воен напад.
Повеќе од 200 лица се обвинети за учество во немирите во кои беа убиени пет лица.

Воткинс е во притвор од средината на јануари и бара од судот да се брани од слобода до почетокот на судењето, со образложение дека таа била „лошо третирана како трансродово лице“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно