Утрински Весник
Свет

(Видео) Се урна воен авион во Нигерија

(Видео) Се урна воен авион во Нигерија

Авион на нигериската армија се урна во близина на меѓународниот аеродром „Намди Азикиве“ во Абуџа, изјави портпаролката на аеродромот.

Според неа, авионот се срушил додека се приближувал кон пистата.

Сè уште нема официјални податоци за деталите за инцидентот или за потенцијални жртви.

Порталот „Вангард“ ги објави првите вести за падот на авионот.

После тоа, на социјалните мрежи се појавија бројни видеа, наводно од местото на несреќата.

Една од објавените снимки покажува поголем пожар и пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат.

Извештаите посочуваат дека во авионот имало шест лица и дека тие не ја преживеале несреќата, пренесува „Спутник“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Му благодарам на Трамп за можноста да го заштити Киев за време на екстремната зима

Иран ја предупреди ЕУ: Одлуката за ИРГЦ како терористичка организација ќе има последици

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела