Утрински Весник
Свет

Германија: Британскиот вид масовно се шири, граѓаните да се откажат од патувања

Германија: Британскиот вид масовно се шири, граѓаните да се откажат од патувања

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и претседателот на институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, истакнаа дека ширењето на новиот вид на коронавирус е загрижувачко.

Вилер истакна дека бројот на заразени стагнира на високо ниво. Тоа, смета тој, може да биде пресвртна точка, а причината за тоа е што британскиот вид масовно се шири.

Според него, учеството на заразени со новиот вид драстично расте, што уште повеќе ја отежнува борбата против пандемијата.

Вилер апелираше до граѓаните да се откажат од непотребно патување.

„Ако е можно, не треба да патуваме во овој момент. Не мора да го извезуваме вирусот од нашата земја во други или од други земји во нашата“, рече Вилер.

Шпан рече дека вирусот не попушта. Уделот на новиот вид кај нови зарази расте на загрижувачки начин, подвлече Шпан. Затоа, тој посочува дека мора да се биде многу внимателен кога се попуштаат мерките.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус