Утрински Весник
Свет

ЕУ: Унгарија на сопствена одговорност ја користи вакцината „спутник В“

ЕУ: Унгарија на сопствена одговорност ја користи вакцината „спутник В“

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, потврди дека Унгарија има право во итни случа да одобри привремена употреба на неовластена вакцина на нејзина територија, односно да одобри спроведување на клиничко испитување со руската вакцина.

„Ова е прашање на националните власти, а одговорноста за таквата употреба ја имаат земјите членки“, рече Киријакидес.

Таа додаде дека евентуалното производство на руската вакцина на територијата на Унгарија е исто така одговорност на Унгарија.

Одговарајќи на прашањето на пратеникот во врска со употребата и можното производство на руската вакцина „спутник В“, која не е одобрена за употреба во ЕУ, Киријакидес нагласува дека процената на Европската агенција за лекови (ЕМА) е сè уште најдобриот начин да се гарантира безбедноста и ефикасноста на вакцината или кој било друг лек во ЕУ.

Претходно, ЕК соопшти дека руската вакцина нема да биде дел од ЕУ-стратегијата за вакцинација.

ЕМА додава дека руските производители на „спутник В“ контактирале со нив и изразиле интерес да добијат дозвола за употреба на вакцината на територијата на ЕУ, но дека сè уште нема официјално барање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина