Утрински Весник
Свет

Вработените во Ватикан ризикуваат да останат без работа доколку не се вакцинираат

Вработените во Ватикан ризикуваат да останат без работа доколку не се вакцинираат

Ватикан им соопшти на вработените дека би можеле да ризикуваат да останат без работа ако одбијат вакцинација против Ковид-19 без оправдани здравствени причини.

Во декретот на кардиналот Џузепе Бертел, кој всушност е гувернер на Ватикан, се вели дека вакцината е одговорен избор заради ризик да им наштети на другите луѓе, објави „Ројтерс“.

Ватикан вработува неколку илјади луѓе, кои претежно живеат во Италија.

Програмата за вакцинација во Ватикан започна минатиот месец, а папата Франциско (84) беше меѓу првите што се вакцинираа.

Во декретот на седум страници се вели дека оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, можат да добијат друга работа, каде би имале контакти со помалку луѓе, но дека ќе добијат иста плата.

Оние кои одбиваат да се вакцинираат без оправдана причина, подлежат на одредбите од законот за правата и должностите на вработените од 2011 година, според кои вработените кои одбиваат превентивни мерки може да претрпат различни последици, вклучително и откази.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани