Утрински Весник
Магазин

Не му оди добро, Канjе Вест свесен дека бракот со Ким e готов

дис уан 1

 

Раперот Канје Вест е потиштен и многу тажен во време кога сè посилно му е чувството дека неговиот брак со Ким Кардашијан се ближи кон крајот.

„На Канје тешко му оди разделбата“, изјавил инсајдер за „Пипл“ во средата. „Тој е свесен дека бракот е завршен и дека нема ништо што може да се направи во моментов“.

„Добитникот на Греми знае што губи со Ким“, вели изворот близок до 43-годишната звезда. Весникот потсетува дека документите за развод допрва треба да бидат поднесени.

Бракот многу претрпе среде притисоците изнесени во јавност минатата година, и има многу малку надеж за помирување меѓу реалити-ѕвездата и раперот.

„Тоа би било вистинско чудо“, додаде изворот. „Но, Канје верува во чуда“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив

Обид за убиство на Аца Лукас – настапот на Јахорина откажан