Утрински Весник
Свет

Дали младите луѓе излекувани од рак треба да примат вакцина против ковид?

Дали младите луѓе излекувани од рак треба да примат вакцина против ковид?

Младите кои имаат над 18 години, а биле лекувани од рак како деца, треба да се вакцинираат против коронавирус, вели Драгана Јаниќ, раководител на детскиот оддел на Институтот за онкологија и радиологија на Србија. Драгана Јаниќ изјави дека децата кои биле лекувани и излекувани од малигна болест, поради терапијата што ја примале им е ослабнат организмот и затоа ги советува да примат вакцина против ковид.

„Децата кои беа лекувани и излекувани од рак примаа лекови кои, сепак, го оштетуваат организмот, а короната е системска болест која може да има свои долгорочни последици врз кардиоваскуларниот респираторен систем и затоа овие деца не треба да бидат изложени на двоен ризик. Значи, за оние кои имаат над 18 години, а се лекувале како деца, апсолутно треба да се вакцинираат“, наведува Јаниќ.

Таа апелира до родителите на болни деца, исто така, да се вакцинираат против Ковид-19.

„Апелирам и до родителите на децата кои се лекуваат сега, да се вакцинираат, затоа што навистина ги спроведуваме сите превентивни мерки во болнички услови и важно е овие мерки да се спроведуваат во семејната средина“, посочува таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната