Утрински Весник
Свет

Вакцината на Астразенека со највеќе несакани ефекти

Вакцината на Астразенека со највеќе несакани ефекти

Австриската федерална служба за здравствена безбедност објави дека повеќето несакани ефекти на вакцините достапни во таа земја се предизвикани од вакцините на Астразенека.Оваа вакцина предизвикува несакани ефекти во 14,9 случаи на 1000 вакцини.

Кај вакцините на Бионтек-Фајзер несакани ефекти има кај 3,79 отсто од случаите, а кај Модерна кај 5,71 отсто.

Со вакцините на Астразенека се вакцинирале 3.961 лице, а пријавени се 59 несакани ефекти. Повеќето изјавиле дека имале главоболка, треска, замор, болка на местото на убодот, болка во мускулите, гадење, треска.

Треската е пријавена како најчест несакан ефект.

Во неколку болници низ Австрија, медицинскиот персонал одбива да прими вакцина Астразенека, како заради несакани ефекти, така и поради наводен послаб ефект, пред се против нови видови на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд