Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против пари кај граѓаните

ДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против пари кај граѓаните

 

„Повеќе пати е докажано дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во белиот дворец како во годините на режимот.Затоа ВМРО-ДПМНЕ денеска се противи за петтиот пакет економски мерки исто како што се противеше за претходните четири. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се противеше и кога се покачуваше минималната плата, кога растеа пензиите, кога се зголемуваа субвенциите за граѓаните, кога се воведуваше поврат на платен ДДВ назад кај семејствата“, соопшти партијата.

Според СДСМ, од петтиот пакет мерки задоволни се и синдикатите и стопанските комори затоа што тој беше носен во консултација и партнерство со сите засегнати страни.

„Само ВМРО-ДПМНЕ е против, затоа што на оваа партија не и се важни граѓаните, не и е важна економијата.Токму поради таквиот однос Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ губат од граѓаните на избори шест пати по ред, токму поради таквиот однос се во опозиција каде уште долго ќе останат“, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт