Хрватска може да ја набави руската вакцина Спутник V против Ковид-19 пред таа да биде регистрирана од Европската агенција за лекови, пишува „Јутарњи лист“.
Според весникот, кој се повикува на извори од владејачката Хрватска демократска унија блиски до премиерот Андреј Пленковиќ, тура руски вакцини може да пристигне во земјата во следните неколку недели.
Извори велат дека властите планираат да ја набават вакцината од руско производство пред таа да биде регистрирана за употреба во Европа и да ја започнат кампања за вакцинација веднаш по добивањето на оваа дозвола.
„Хрватска ги брани своите интереси и важно е да ја набавиме руската вакцина пред Европската агенција за лекови да ја одобри. Во овој случај, нема да зависиме од нејзината дистрибуција во Европската Унија. Потоа ќе започнеме вакцинација строго во согласност со прописите. Затоа, нема да прекршиме ниту едно правило, “ вели неименуван извор за весникот.