Утрински Весник
Свет

Шпан: Секоја недела се удвојува бројот на заразени со британскиот сој во Германија

Во Германија 522 нови случаи на коронавирус

Во Германија со голема брзина се шири британскиот сој на коронавирус. Дури 22 проценти од новите инфекции се од овој вид, рече германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

“Секоја недела, уделот на британскиот вид коронавирус во вкупниот број на нови инфекции се удвојува. Овој вид наскоро може да преовладува во вкупниот број на нови инфекции”, изјави Шпан.

Тој додаде дека пред две недели уделот на британскиот вирус во вкупниот број на инфекции бил шест проценти,додека јужноафриканскиот вид на коронавирус моментално сочинува 1,5 процент од новите инфекции.

“Треба да бидеме многу внимателни кога ќе излеземе од мерките за затворање. Не смееме да ги загрозиме нашите сегашни успеси”, рече германскиот министер за здравство.

Тој објасни дека и покрај ширењето на мутирани видови на вирусот, сè помалку граѓани се заразуваат со коронавирусот.

„Тоа е охрабрувачка вест и ни покажува дека сме на вистинскиот пат“, рече Шпан.

Строгите мерки на затворање се на сила во Германија од почетокот на ноември и се продолжени до 7 март.

Претставниците на сојузната и покраинската влада треба да разговараат за нови мерки и можни отвори на 3 март.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Службата за безбедност на Украина уапси осуммина осомничени за попречување на мобилизацијата

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ