Утрински Весник
Свет

Поранешен олимписки медалист уапсен поради трговија со дрога

Поранешен олимписки медалист уапсен поради трговија со дрога

Поранешниот олимписки медалист во пливање, Скот Милер (45) бил приведен и обвинет за трговија со дрога, откако полицијата му запленила метамфетамин вреден 1,6 милиони долари, а тој исто така е обвинет за членување во криминална група.

Полицијата уапсила уште еден неименуван маж (47) во Сиднеј, откако пронашла метамфетамин скриен во осум свеќи.

„Милер бил на чело на криминалната група’, изјавил полицискиот детектив Џон Вотсон, а пренесува агенцијата АП.

„Останатите работеле по неговите упатства. Ова не е мала операција. Тие биле добро организирани и добро финансирани“, додал Вотсон.

Милер освои сребрен медал на трката на 100 метри пеперутка во Атланта во 1996 година, а исто така беше дел од австралиската штафета 4X100 метри, која освои бронза.

Тој исто така освои златен медал на Светското првенство во Рио де Жанеиро во истата дисциплина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Багај ги спореди односите меѓу Иран и САД со конфликтите меѓу Рим и Персија

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напад врз Либан

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади