Утрински Весник
Свет

Откриен е британски сој во Западна Германија, веднаш пристигнале 100 полицајци

Откриен е британски сој во Западна Германија, веднаш пристигнале 100 полицајци

Нов случај на инфекција со британскиот сој на коронавирус во Хам, во Западна Германија.

“На местото на настанот веднаш пристигнаа органите за безбедност и спроведоа обемна операција во тој град“, потврди портпаролот на полицијата.

Според градските власти, откако инфекцијата со британскиот вид Б117 е потврдена од еден работник на градилиште, околу 100 полицајци биле испратени на местото на настанот.

„Полицијата ги следи мерките за карантин. Четири згради во кои се сместени работниците се ставени во карантин, а сите што работат на тоа градилиште се предмет на тестирање“, изјавија официјалните власти.

Полицијата известува дека спроведува постојани дежурства пред зградите за да ги следи мерките за карантин.

Постоењето на нови видови на коронавирус во Германија е потврдено и од Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ).

Претходно овој месец, РКИ објави дека сојот Б117 е регистриран во 13 од 16-те германски сојузни покраини и моментално сочинува едвај шест проценти од сите случаи. РКИ, сепак, предупредува дека бројот многу веројатно ќе се зголеми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Oбвинителството на Иран се закани со смртни казни за демонстрантите

Масовни протести низ САД откако агент на ICE уби жена

Орбан: Глобална трансформација е пред нас