Утрински Весник
Спорт

Нагелсман: Ливерпул е исклучително добар тим

Нагелсман: Ливерпул е исклучително добар тим

Лајпциг, утре од 21 часот, во Будимпешта, ќе го пречека Ливерпул, во првиот осмина-финален натпревар, во Лигата на шампиони. Лајпциг во дуелот влегува со низа од четири победи, додека Ливерпул се поразени на последните три натпревари во Премиер лигата.

Ливерпул и покрај променливата форма е благ фаворит во осмина-финалето, барем така сета тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман.

„Ние сме во добра форма, а тие се поразени на последните три натпревари. Сепка тие се благи фаворити, поради искуството кое го имаат во меѓународните натпреварувања“, рекол Нагелсман.

„Знаеме дека Ливерпул е добра тим со врвни играчи. Секогаш е тешко да се игра против нив. Резултатите во Премиер лигата не важат во Лигата на шампиони. Можеби се откажаа од титулата во домашното првенство, но тоа не значи дека нема максимално да се фокусираат на Лигата на шампиони“, заклучил најмладиот тренер во Лигата на шампиони.

> Нагелсман: Ливерпул е исклучително добар тим <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1