Утрински Весник
Свет

Вирусен имунолог: Руската вакцина има еден голем недостаток

Вирусен имунолог: Руската вакцина има еден голем недостаток

Лука Чичин Шаин, вирусен имунолог во Центарот за истражување на заразни болести во Брауншвајг во Германија, зборуваше за вакцините против коронавирус и рече дека руската вакцина „спутник В“ има еден голем недостаток.

Зборувајќи за руската вакцина, Чичин Шаин рече дека експертите сè уште се вознемирени бидејќи резултатите од клиничките истражувања не се достапни.

„Транспарентноста сè уште не е добра за да знаеме како тоа се одвиваше. Тие тврдат дека има малку несакани ефекти, што е изненадувачки затоа што може да се очекува дека тоа било како со ‘Астразенека’“, рече Чичин Шаин.

„Има една предност, тие користат комбинација од два аденовируси, тоа се формулации што се користат во ‘Џонсон и Џонсон’ и некои кинески вакцини. Кога ќе ги комбинирате и двата, кога ќе дадете втора доза, ќе го зајакнете имунолошкиот одговор што е насочен кон она што се преклопува кај овие две вакцини, т.е. тој „шилест протеин“ од коронавирусот, а потоа вакцината е многу посилна. Најголемиот недостаток на руската вакцина е што и кај двата аденовируси 25 и 26 се хумани аденовируси, што може да предизвика сериозни проблеми кај луѓето кои се имунокомпромитирани. Кај нив аденовирусната инфекција може да биде смртоносна. Тоа е вакцина која носи уште поголем ризик, но веројатно нема да претставува проблем за здрава личност“, рече Чичин Шаин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“