Утрински Весник
Свет

(Видео) Полицијата пукаше во демонстрантите во Мјанмар, судирите интензивирани

(Видео) Полицијата пукаше во демонстрантите во Мјанмар, судирите интензивирани

Жестоки судири избија меѓу демонстрантите во северен Мјанмар и безбедносните сили, пренесува РТ. На интернет се појавија снимки на кои се гледа како полицијата отвора оган кон толпата, но не е јасно дали се користеле боева муниција или гумени куршуми.

Десетици демонстранти во неделата се соочија со интервентната полиција во електроцентрала во градот Мјитјкина. Градот се наоѓа на 1.480 км од главниот град Јангон во северниот дел на земјата кој е зафатен со протести од воениот удар на 1 февруари.

Имаше извештаи дека и војската била распоредена да ги смири немирите. Судирите во Мјитјкина, наводно, следеле откако властите побарале од компанијата што управува со централата да ја прекине електричната енергија.

Наводното видео од пресметката покажува демонстранти кои бегаат во хаос додека наоколу се служаат експлозии и молскања. Полицијата наводно фрлала и солзавец, димни бомби и користела водени топови за да ги растера демонстрантите.

Би-би-си објави дека во хаосот биле уапсени пет новинари.

Набргу по настаните во Мјитјкина, мониторинг групата NetBlocks Internet Observatory објави дека интернетот во земјата е речиси цлосо изклучен. Групата посочи дека прекинот е резултат на информативната блокада нарачана од државата, истакнувајќи дека поврзаноста низ целата земја преку ноќ паднала на 14 отсто.

Врските беа обновени утринава околу 09:00 часот по локално време, но според NetBlocks, повеќето од жителите сè уште не можеле да пристапат до социјалните мрежи.

Повеќе од десет западни амбасади, вклучувајќи ги и оние на САД, ЕУ, Велика Британија, Канада, Германија и Франција, ги повикаа безбедносните сили да се воздржат од насилство врз демонстрантите и цивилите, посочувајќи ги притворот на државната советничка Аунг Сан Су Кји и прогласувањето едногодишна вонредна состојба од страна на војската како уривање на легитимната влада.

„Ние го поддржуваме народот во Мјанмар во потрагата по демократија, слобода, мир и просперитет. Светот гледа “, се вели во изјавата во неделата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk