Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Најнов вид на коронавирус откриен кај деца во Италија

Најнов вид на коронавирус откриен кај деца во Италија
Img 7972

Експертите во детска болница во Трст, откриле нова мутација на Ковид-19 кај две заразени девојчиња, пренесуваат италијанските медиуми.

Студијата спроведена во соработка со Универзитетот во Милано потврди дека станува збор за многу заразен, агресивен мутант.

Според објавените резултати од истражувањето, мутираната варијанта на вирусот предизвикала повторна инфекција кај неколку возрасни лица кои веќе биле заразени.

„Најзагрижувачка можност е дека мутациите во вирусот можат да го намалат имунитетот создаден кај луѓе кои биле заразени, како и да ја откажат или намалат отпорноста на коронавирусот стекнат со вакцинација“, вели  професорката Манола Комар, микробиолог од Универзитетот во Трст, која ја водеше студијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар