Утрински Весник
Свет

Замрзнаа каналите во Холандија – и покрај предупредувањата граѓаните масовно се лизгаа

Замрзнаа каналите во Холандија – и покрај предупредувањата граѓаните масовно се лизгаа

Каналите во Холандија по три години замрзнаа, а Холанѓаните вчерашниот ден го искористиле за лизгање на мраз.
Холандскиот премиер Марк Руте, предупреди дека треба да се избегнува масовно лизгање поради ризик од ширење на коронавирус, но и поради бројните повреди кои можат да ги оптоварат службите за итни случаи.

Сепак властите во Холандија информираат дека голем број на граѓани не ги послушале нивните апели. Во Амстердам, според последните информации од холандските медиуми, граѓаните најмногу се лизгале на замрзнатите речни канали.

Тамошните власти соопштуваат дека службите за итни трауми работеле двојно повеќе од претходниот ден.

„Беше потребно да се искористи можноста затоа што нема да има друга, можеби повеќе години“, изјави 70-годишен граѓанин. Уметничкото лизгање важи за холандска традиција и секој има подготвено пар лизгалки во случај на  замрзнување на каналите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран

Балон на топол воздух се запали во Бразил, осум лица загинаа