Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сопка за Манчестер јунајтед на „Хоторнс“

Сопка за Манчестер јунајтед на „Хоторнс“
300x250 opst2

ВБА и Манчестер јунајтед, одиграа без победник (1:1), во натпревар од 24.коло во Премиер лигата.

ВБА е еден од најлоѓите тимови сезонава во Премиер лигата, вероајтно нема да избори опстанок, меѓутоа овој тим успеа да остане непоразен во дуелите со Јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул.

Од безбедната зона, екипата на ВБА е оддалечена 12 поени.

Манчестр јунајтед, со овој бод, се вратија на второто место на табелата, имаат подобра гол-разлика од Лестер, меѓутоа полека го губат чекорот со Манчестер сити.

„Граѓаните“, на првото место имаат седум бода предност и натпревар помалку од Манчестер јунајтед.

На „Хоторнс“, дуелот започна кошмарно за Манчестер јунајтед. Диане во второто минута успеа да го совлада Де Хеа. Шпанскиот голман, во 28.минута, го спречи Снодграс да постигне гол.

Јунајтед израмнија со голот на Бруно Фернандеш во 44.минута.

Во второто полувреме добри шанси за Јунајтед не реализираа Фернадеш, Мектоминеј и Гринвуд, а ударот на мегваер во 95.минута заврши во дирекот.



> Сопка за Манчестер јунајтед на „Хоторнс“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица