Утрински Весник
Македонија

Од утре многу студено време со температури до – 15 степени

Од утре многу студено време со температури до – 15 степени

Времето утре ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -6, а максималната ќе достигне од -5 до 0 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 0 степени.

Од утре следува период на стабилно и многу студено време со потпросечни температури за овој период и со умерен до засилен северен ветер. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под – 10, а на места и под -15 степени. Дневните температури ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за екс директор и осум други вработени во УХРМ

Сончев викенд со студени утра: Во Скопје до 19, во Македонија до 22 степени

Мицкоски: Ни треба политика на стабилност, се бориме за стандардот, тешко се живее, но имаме најниска инфлација, платите постепено растат