Утрински Весник
Спорт

Кирјос повторно „удри“ по Ѓоковиќ: Фрици ќе земам медицински тајм-аут, се враќам за два часа

Кирјос повторно „удри“ по Ѓоковиќ: Фрици ќе земам медицински тајм-аут, се враќам за два часа

Ник Кирјос, повторно „удри“ по најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Австралиецот со грчки корени, пред два дена, во драмтичен меч, испадна од Доминик Тим, меѓутоа се уште игра на Австралија опен во конкуренција на двојки.

Кирјос, ја коментираше објавата на Тејлор Фриц. Американецот, испадна од Новак Ѓоковиќ, во ситуација кога се врати од 0:2 и пред себе имаше повреден противник.

„Тежок начин да се заврши настапот на Австралија опен. Бев толку блиску до голем резултат бидејќи се борев најдобро што можам. На крајот Новак беше пресилен. Се надевам дека ќе биде добро по повредата. Ви благодарам за поддршката“, напишал Фриц.

„Ќе земам медицински тајм-аут Фрици, се враќам за два часа“, напишал Кирјос, иронично алудирајќи, дека Ѓоковиќ во мечот против Фриц, два пати доби медицинска помош.

Ѓоковиќ, пред стартот на Австралија опен, изјави дека нема да ги коментира провокациите на Кирјос.

> Кирјос повторно „удри“ по Ѓоковиќ: Фрици ќе земам медицински тајм-аут, се враќам за два часа <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност