Утрински Весник
Македонија

Правoславните верници го одбележуваат Свети Трифун – заштитник на лозарите и градинарите

Правoславните верници го одбележуваат Свети Трифун – заштитник на лозарите и градинарите

Верниците денес го слават Свети Трифун, денот на виното.ен снегот почнува да се топи. Овој празник е познат по традиционалното обредно закројување на лозјата.

Се верува дека Свети Трифун е заштитник на лозарите и градинарите и дека ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар.

Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане 

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ОЈО со детали за убиството во Богданци: Ножот се скршил, нападот продолжил со ножици