Серена Вилијмас избори пласман во четврт-финалето на Австралија опен. Ветаранката, во осмина-финалето, ја победи Арина Забаланека од Белорусија со 6/4, 2/6, 6/4. Во наредната рунда ќе игра против Ига Шјонтек или Симона Халеп.
Американката на теренот мина нешто повеќе од два часа, а за пласман во четврт-финалето, направи два брејка, во првиот и третиот сет. Вториот во целост и припадна на Забаленка, која во тој период имаше целосна доминација на теренот.
Првиот сет Американката рутински го доби, во вториот Забаленка направи три брејка, Серена еден. Во решавачкиот сет, откако си разменија по еден брејк, Вилијамс успеа да искористи брејк, која беше и меч топка во десеттиот гем.
Драматичен меч одиграа и Гарбиње Мугуриса и Наоми Осака. Тенисерката од Шпанија, по еден час и 57 минути избори пласман во четврт-финалето. Мугуруса славеше со 6/4, 4/6, 7/5.
Мугуруса во четврт-финалето ќе игра против 71.на ВТА листата, Су-Веи Хсиех. Тенисерката од тајван, лесно, со 6/4, 6/3 славеше против Маркета Вондусова.
> Вилијамс ја победи Забаленка, Мугуруса го доби дербито против Осака <