Утрински Весник
Свет

Сенатот го ослободи Трамп од обвиненијата

Сенатот го ослободи Трамп од обвиненијата

Трамп уште еднаш избегна осуда од Сенатот, кој што официјално гласаше за негово ослободување од обвинението за поттикнување бунт на неговото второ судење за отповикување.

Со 57 наспроти 43 гласа, на Сенатот му недостигаа 10 гласа за да го осуди поранешниот претседател.

Седум републиканци им се придружија на сите демократи во гласањето за осуда на Трамп, но тоа не беше доволно за тој да се прогласи за виновен.

Според „Гардијан“, иако на Сенатот му недостигале 10 гласа за да го осуди Доналд Трамп, сепак, вреди да се напомене дека ова е најдвопартиското гласање за импичмент во историјата на Сенатот.

Гласањето во Претставничкиот дом минатиот месец беше исто така најдвопартискиот претседателски импичмент во историјата на САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мелони: Време е ЕУ директно да разговара со Русија

САД запленија уште еден танкер кај Венецуела

Во Мексико убиен новинар – 24info.mk