Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски: Имаме поголем пад на БДП од 2001-ва

Мицкоски: Имаме поголем пад на БДП од 2001-ва

Падот на бруто домашниот производ во моментов во Македонја е поголем од 2001-вата година, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој денеска беше во посета на Компанијата „Еко циркон“ во општината Гази Баба, од каде упати пофалби за стопанствениците кои обезбедуваат работни места во време на криза, а укажа и на недостатокот на нови инвестиции во земјата.

„Она кое што би сакал да го истакнам и е многу значајно, е падот на бруто инвестициите кои што во Македонија во третиот квартал се некаде околу 8.8 проценти помали споредено со истиот квартал минатата година т.е. третиот квартал 2020-тата година споредено со трети квартал 2019-тата година. Ова претставува рекорден пад бидејќи во минатото рекордот го држел во периодот на кризата односно 2001 година кога отприлика околу 6 проценти е падот на бруто инвестициите“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Македонија е прва во регионот на скалата според „Транспаренси Интернешнл“ по нивото на корупција и криминал. Понатаму според анализата на „Економист“, рече Мицкоски, прогласени сме за хибриден режим.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт