Утрински Весник
Свет

„Астра зенека“ наскоро ќе почне со тестирање на вакцината врз деца

„Астра зенека“ наскоро ќе почне со тестирање на вакцината врз деца

Вакцината на компанијата „Астра Зенека“ ќе се тестира на деца на возраст од 6 до 17 години.

Во истражувањето ќе учествуваат 300 волонтери.

„Иако повеќето деца немаат сериозна клиничка слика на Ковид-19, важно е да се утврди безбедноста и имунолошкиот одговор на вакцината кај деца и млади, бидејќи некои деца може да имаат корист од вакцинацијата“, рече Андре Полард, раководител на тестирањето.

Како што додаде, новите тестирања ќе го прошират нивното разбирање за влијанието на коронавирусот врз помладите возрасни групи.

Првите вакцинации во рамките на испитувањето ќе се одржат овој месец, 240 деца ќе примат вакцина против ковид, а останатите ќе добијат контролен убод против менингитис.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи