Утрински Весник
Македонија

Груби изврши надзор на новите, повеќејазични патокази на Коридорот 8

Груби изврши надзор на новите, повеќејазични патокази на Коридорот 8

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби заедно со директорот на ЈП „Македонија Пат“ Беким Мемети, директорот на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села денеска извршија надзор на замената на старите еднојазични патокази, со нови, кои сега се поставуваат на албански, македонски и англиски јазик.

По овој повод, Груби нагласи дека јазичната еднаквост ќе биде видлива долж Коридорот 8, со што, како што кажа, ќе се одрази и реалната слика во Република Северна Македонија.

Според првиот вицепремиер, модернизацијата на Коридорот 8 и неговата реконструкција е од особено значење заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и е од големо економско значење за Република Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче