Утрински Весник
Свет

Од касарна кај Сараево украдени 25 пиштоли

Од касарна кај Сараево украдени 25 пиштоли
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Голема количина пиштоли е украдена од касарна на вооружените сили на Босна и Херцеговина, а случајот во моментов го истражува воената и цивилната полиција, потврди Министерството за одбрана на БиХ.

Во соопштението од министерството се вели дека за време на редовните контроли извршени вчера било утврдено дека е оштетен печат на вратата на еден од магацините во кругот на касарната во Пазариќ, кај Сараево.

Веднаш била повикана воената полиција, а после тоа се вклучила и Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), чии членови се обидуваат да утврдат кој и како упаднал во магацинот.

Во соопштението не се наведува што точно е украдено, но локалните медиуми наведуваат дека се работи за најмалку 25 пиштоли спакувани во кутии.

Од СИПА потврдиле дека тие се вклучени во истрагата, но не сакале да откријат никакви детали.

Медиумите потсетуваат дека ова не е прв случај на кражба на оружје од објект на вооружените сили на БиХ.

Слична кражба се случила во Билеча во источна Херцеговина во 2017 година, кога од касарна биле украдени 14 пиштоли со рамки за муниција. Овој случај не е расчистен до денес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Планот на Европа за одбрана на Гренланд – постојат четири опции

Минесота се повлече од истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена, бидејќи нема пристап до докази

Донорска кожа од починати лица пристигна во Швајцарија за настраданите во пожарот во Кран-Монтана