Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Со средношколците разработивме две опции за решавање на проблемот со државната матура

Зајкова: Со средношколците разработивме две опции за решавање на проблемот со државната матура

По собраниската дебата со средношколците за полагањето на државната матура, наметнавме две предлог решенија кои во писмена форма ќе бидат испратени и до Министерството за образование и Владата, од каде се надеваме на позитивен одговор, посочи пратеничката од редовите на ЛДП, Mоника Зајкова.

„Предлогот опфаќа можност за две опции, првата опција претпочита матурантите, од предвидените четири предмети, да полагаат само два екстерни предмета, додека за интерните предмети да им биде впишана просечната оценка од четиригодишното школување.

Другата опција опфаќа да се полагаат 2 екстерни предмета, како што бараат матурантите, и два интерни, но со соодветно скратен обем за двата интерни предмета. Скратувањето произлегува од претходно скратената настава поради ковид-кризата, неможноста соодветно да се следат предавањата и како што тврдат средношколците, поради оскудните технички услови на дел од нив“, објасни Зајкова и порача дека ова може да биде светол пример за заемно и компромисно решавање на општествените проблеми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј