Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Маричиќ не може да спречи да се употребуваат зборовите македонски и Македонија

(Видео) Маричиќ: Извештајот е најсилен доказ дека владата ја трансформира земјата по европски терк

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за време на денешната посета на Куманово се осврна на дописот од Бојан Маричиќ за да не се употребува македонски, Република Македонија.

„ Тој министер што мисли дека потпишал некој допис да излезе во јавноста и да каже што сакал да каже, бидејќи она што го прочитавме е срамно. Мене никој нема да ми забрани да го користам зборот Македонија, ќе го користам постојано зборот Македонија, ќе го кажувам она што го чувствувам во срцето, а тоа е една земја за мене, тоа е Република Македонија. Дали тоа се однесувало за трговијата, дали за претпријатија или слично, кој е тој министер, која е оваа влада да ни забрани да си го кажуваме она со кое се гордееме, а тоа е зборот Македонија“, рече Мисајловски.

Тој додаде дека никој не може да спречи да се кажуваат зборовите македонски, Македонија.

„ Ние ќе ги говориме, но добро оваа влада што мисли дека е демократска да излезе и да го објасни на граѓаните, ова е срамно и жалосно што го прават, но нема да им помине“, кажа Мисајловски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

Владата ќе дава отчет за првата година од мандатот

МВР: Левица имаат за цел да ја дезинформираат јавноста