Утрински Весник
Свет

Јапонија ја одобри вакцината на „Фајзер“

Во Србија пристигна втората тура вакцини на „Фајзер“

Здравствената служба на јапонската влада го одобри користењето на вакцината на компаниите „Фајзер / Бионтек“, објави националната телевизија ХНК, чија вакцина е прва што доби одобрение за употреба во Јапонија.

Премиерот Јошинида Суга рече дека вакцинацијата може да започне следната недела, така што првите дози ќе бидат дадени на околу 10.000 здравствени работници, објави „Ројтерс“.

Јапонската влада се надева дека ќе обезбеди доволно вакцини за целото население до средината на годината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран