Утрински Весник
Свет

ЕУ на пат да ја одобри вакцината на германската компанија „Кјурвак“

ЕУ на пат да ја одобри вакцината на германската компанија „Кјурвак“

Европската агенција за лекови објави дека ја започнала процената на вакцината CVnCoV против Ковид-19, што ја разви германската компанија „Кјурвак“.

Одлуката да се започне процесот на процена на вакцините се заснова на студии кои сугерираат дека вакцината предизвикува производство на антитела и имунолошки клетки кои се насочени кон САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува Ковид-19.

„Кјурвак“ во моментов спроведува испитувања врз луѓе за да се процени безбедноста на вакцините, имуногеноста (колку добро предизвикува реакција на вирусот) и ефикасноста против Ковид-19, а ЕМА вели дека ќе ги процени податоците од овие и други клинички испитувања веднаш штом ќе станат достапни.

Минатата година Европската комисија одобри договор со компанијата „Кjурвак“ кој предвидува првично купување на 225 милиони дози на вакцина, со можност за испорака на дополнителни 180 милиони дози откако вакцината ќе се покаже безбедна и ефикасна.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план